Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, му предложи на украинскиот претседател Владимир Зеленски, дека можеби треба да се самораспушти.

Со ваквиот коментар, Захарова се осврна на изјавата на Зеленски, кој претходно во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН, каде што Русија како постојана членка има право на вето, му предложи на Советот да се самораспушти или да ја исклучи Русија од нејзиното членство.

Сега директно за изјавите на Зеленски за тоа дека некој таму треба да се самораспушти – тоа е многу интересна логика за мене. Ако човек мисли дека структура која во нешто потфрла, има само еден излез – да се распушти, тогаш можеби тој принцип треба да го проба пред се на себе – порача Захарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.