Во Украина загинал најдобриот украински пилот, Антон Листопад.

„Киев Индипендент“, објави дека Листопад загинал битка, но не наведува на кој дел од фронтот.

Во 2019 година Листопад беше прогласен за најдобар украински пилот, а минатата година го предводеше летот на авијациска формација над Хрешчатка како дел од прославата на 30-годишнината од Украина.

Неколку дена пред неговата смрт, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Листопад му додели Орден за храброст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.