На средба со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во Минхен, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји побарал од американските власти да ги укинат едностраните санкции против Кина.
Ванг Ји побара САД да ги укинат нелегалните еднострани санкции за кинеските претпријатија и поединци и да не ги нарушуваат легитимните права и развојните интереси на Кина“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се појаснува дека Ванг Ји им укажал на САД на потребата од градење односи засновани на принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и „соработка во која сите добиваат“.
Кинескиот дипломат нагласил дека Пекинг и Вашингтон мора „активно да го бараат вистинскиот пат што ќе им овозможи на двете големи сили да се сложуваат меѓу себе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.