Британската приватна детска болница за ментално здравје Хантеркомб во Мејденхед, која има само 59 кревети, во изминатите четири години пријави над 1.600 случаи на сексуална злоупотреба. Тоа е повеќе од половина сексуални истраги пријавени во 209 одделенија за ментално здравје на децата ширум Велика Британија.
Од 2019 година британската Национална здравствена служба (НХС) испраќала повеќе од едно предупредување дневно, не е преземено ништо да се спречи ранливите пациенти да се испраќаат во одделението кое има 1.643 пријави за сексуални инциденти. Пријавените инциденти се од сексуално непримерно обраќање до сериозни сексуални напади и силувања.
Откако Индипендент минатата година објави за вербално и физичко малтретирање во приватната здравствена институција, пациентите беа прераспределени во други клиники. Но, групацијата Хантеркомб најави дека планира повторно да отвори како одделение за возрасни.
Минатиот месец беше пријавен сексуален напад во одделението во Стафорд на групацијата Хантеркомб. Веста уследи откако беше затворено одделението во Девон, каде медицинска сестра е осудена за сексуална злоупотреба на двајца пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.