Актерката Вупи Голдберг е привремено отстранета од својата емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека нацистичкиот геноцид врз повеќе од шест милиони Евреи „не бил поврзан со расата“.

И покрај извинувањето од познатата водителка и глумица, претседателката на „Еј-би-си њуз“ – Ким Годвин соопшти дека одлучила дека тоа не е доволно.

Веднаш ја суспендирам Вупи Голдберг на две недели поради нејзините неточни и навредливи коментари. Иако Вупи се извини, ја замолив да одвои малку време за да размисли за влијанието на нејзините споделени коментари – пишува Годвин во изјавата објавена на страницата на ТВ-каналот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.