Во квартот Џиангсја во кинескиот град Вухан, во кој живеат околу еден милион луѓе привремено се затвораат дел од компаниите и јавниот транспорт откако синоќа беа регистрирани два нови случаи на Ковид-19.

Властите во округот Џиангсја, дом на повеќе од 900.000 луѓе, соопштија дека од денеска се воведени тридневни ограничувања во главни урбани области, вклучително и забрана за големи јавни настани, посета на ресторани, затворени се јавните места за забава, пазарите малите клиники. Исто така суспендирани се и автобуските и метро линиите.

Властите ги повикаа жителите да не ја напуштаат областа во следните три дена, а исто така аПелираа и другите жители на Вухан да го избегнуваат реонот Џиангсја.

Во Вухан, град во централна Кина, живеат над 11 милиони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.