Првата дама на Украина, Олена Зеленска се појави на специјалната дигитална насловна страница на американскиот магазин „Vogue“ со придружно интервју. Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со новинарката Рејчел Донадио во зградата на претседателската канцеларија во Киев и беше фотографирана од Ени Либовиц.

Но, јавноста на ова интервју не реагираше како што сопружниците Зеленски очекуваа. Многу негативни коментари по социјалните медиуми го посочуваат истото – дека за време на војна, додека украинскиот народ секојдневно гине, на претседателот местото не му е на моден сет.

Кан, Венеција, на Греми, во „Вог“ – како да е поп ѕвезда, а не шеф на нападната земја, е само еден од острите коментари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.