Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На Вучиќ претходно му беше приреден свечен пречек пред Претседателската палата, објави претседателот на Србија на Инстаграм.
Ви благодариме за прекрасниот пречек! Свечено добредојде во чест на српскиот претседател Александар Вучиќ и средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, напиша Вучиќ.
View this post on Instagram
Вучиќ ја започна својата еднодневна посета на Турција со посета на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.
По средбата во четири очи, двајцата лидери ќе присуствуваат на третата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција.
Официјални лица од двете земји потоа ќе потпишат неколку договори со цел зајакнување на билатералната соработка, по што Вучиќ и Ердоган ќе и се обратат на јавноста.
Посетата на Анкара Вучиќ ќе ја заврши со вечера со турскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.