Унгарскиот премиер Виктор Орбан учествуваше на традиционалниот настан на колење на свињи во селото Етемеш. Традицијата почнува со поздрав со домаќините и наздравување со ракија, по што главниот мајстор Орбан почна да ја подготвува свињата за колење. Како што пишуваат унгарските медиуми, потоа тој професионално ја отстранил косата од животното со плински горилник, по што заедно со месарите започнал со расекување. На крај Орбан бил дел и од процесот на одвојување на сланината и мелењето на месото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.