На глобалните валутни пазари доларот зајакна во однос на кошничката валути минатата недела четврта недела по ред, додека во однос на јенот накратко го тестираше клучното психолошко ниво од 145 јени. Учесниците на пазарот на валути пак, одмеруваат како ФЕД ќе се позиционира на клучните каматни стапки во иднина.

Индексот на доларот, кој го следи движењето на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, порасна минатата недела за 0,83 отсто, на 102,85 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута ослабна за 0,66 отсто, па цената на еврото на крајот на неделата изнесуваше 1,0944 долари. Доларот поскапе и во однос на јапонскиот јен, за 2,2 отсто, на 144,96 јени.

Индексот на доларот закрепна за 2,9 отсто од средината на јули, кога падна на најниско ниво во последните 15 месеци. Оттогаш, податоците укажуваат на забавување на растот на инфлацијата, што ги зголеми очекувањата на пазарот дека ФЕД повеќе нема да ги зголемува каматните стапки од сегашниот опсег од 5,25 до 5,5 отсто, анализира Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.