Илјадници вработени во американскиот онлајн гигант „Амазон“ викендов ќе протестираат на Црниот петок во повеќе од 20 земји во светот. Штрајковите и протестите ќе траат од 29 ноември до 2 декември – период кој се смета за најпрофитабилен во годината, кога трговците ги нудат своите производи по значително пониски цени. Работниците во „Амазон“ се незадоволни од исплатата за сработеното, а исто така ја обвинуваат компанијата дека не плаќа соодветен дел од даноците. Затоа, петта година по ред дел од вработените ќе штрајкуваат на Црниот петок и викендот што следи по него.
Големиот скок во продажбата значи големо оптоварување на вработените. Според британски Гардијан, се очекува да бидат најавени штрајкови во САД, Германија, Велика Британија, Турција, Канада, Индија, Бразил, Јапонија и на други места. Акцијата ја подготвува кампањата Make Amazon Pay, во која учествуваат повеќе од 80 синдикати. Овие компании, основани од еден од најбогатите луѓе на Земјата, Џеф Безос, ги повикуваат да ги платат работниците праведно за завршената работа, да го почитуваат нивното право да се приклучуваат на синдикатите, а во исто време се посветени и на почитување на климатските мерки, пренесува Н1 Словенија.
Еден од поголемите протести е планиран пред седиштето на „Амазон“ во Лондон. На компанијата ќе ѝ биде предадена петиција со повеќе од 110.000 потписи, по што ќе следи марш до Даунинг стрит 11, официјалната резиденција на канцеларот на касата. Кампањата веќе организираше слични протести во изминатите четири години. Минатата година за време на Црниот петок протестираа и вработени од повеќе од 30 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.