– Во германската покраина Долна Саксонија беа пуштени во употреба 14 патнички возови на водород, наместо дизел возовите што претходно сообраќаа на неелектрифицирани пруги.
Возовите користат водородни ќелии како извор на електрична енергија што ги придвижува моторите, а ги произведува француската компанија Алстом.
Со нив управува регионалната железничка компанија LNVG, на маршрути меѓу северните градови Цукхавен, Бремерхавен, Бремерверде и Букстехуде, пренесе Бета.
Гувернерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, рече дека проектот вреден 93 милиони евра е „одличен пример“ за напорите на државата да ја направи својата економија зелена.
Според компанијата Алстом, со користење на водород произведен од обновливи извори на енергија, возовите заштедуваат 1,6 милиони литри дизел гориво годишно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.