Сопругата на американскиот претседател, Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, потврди за Си-Ен-Ен нејзината заменичка – директорка за комуникации Келси Донохју.

Денешниот тест за Ковид-19 на Бајден, која сега е во Рехобот Бич, Делавер, излезе позитивен. На вчерашниот рутински тест, првата дама на САД беше негативна на коронавирусот.

Како што појасни Донохју, известени се „мал број блиски контакти“.

Првата дама на САД беше позитивна на коронавирусот на 15 август за време на одмор во Јужна Каролина. Потоа имаше два последователни негативни тестови во неделата и допатува од Јужна Каролина да му се придружи на сопругот, претседателот Џо Бајден, во Делавер.

Тестот на претседателот денеска е негативен. Но, тој ќе помине 10 дена во изолација затоа што е еден од блиските контакти.

Претседателот, како и неговата сопруга, исто така зеде Паксловид кога беше позитвен минатиот месец. И тој на крајот беше позитивен на тест за Ковид-19, по првичните негативни тестови.

Џил Бајден ќе остане во семејната куќа во Делавер додека повторно да има два последователни негативни тестови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.