Италијанските земјоделци почнаа протести во Рим и Милано барајќи поедноставување на бирократските процедури и регулирање на евтиниот увоз на стоки што доаѓаат надвор од Европската Унија.
Земјоделците од земјоделските региони како Тоскана, со трактори маршираа на југ, кон главниот град, носејќи италијански знамиња и транспарентни „Без земјоделците нема храна“.
Одиме во Рим за да се соочиме со политичарите за да ги решиме нашите проблеми, изјави тосканскиот фармер Давиде Росати, пренесува „Гардијан“.
Демонстрантите кои стигнаа до Милано, во знак на протест, низ улиците на градот шетаа крави.
Од четврток почнува мобилизацијата. Ќе се собереме со возила на повеќе места во главниот град, изјави Данило Калвани, еден од водачите на протестите и шеф на движењето „Кра Агриколтори традити“.
Италијанските земјоделци на тој начин се приклучија на протестите што се одржуваат низ цела Европа, при што демонстрантите бараат повисоки цени за нивните земјоделски производи, како и намалување на влијанието на бирократијата.
Италијанските земјоделци се жалат дека еколошките мерки наметнати во ЕУ им ја намалиле конкурентноста во однос на земјоделците во Латинска Америка и од европските земји кои не се членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.