Во Киев и неговата околина вечерва е активирана воздушна тревога поради напад со дронови, од кои најмалку еден е соборен, соопштија официјални претставници.

Нападот почна нешто по 20 часот и траеше околу 20 минути кога е активирана противвоздушната одбрана.

Жителите пријавиле дека слушнале експлозии и пукотници во центарот на градот.

Армијата ги повика луѓето да останат смирени и да бараат засолниште.

Експлозиите престанаа по 15 до 20 минути.

Тогаш можеше да се види облак од црн чад додека воената управа на градот Киев соопшти дека предупредувањето за воздушен напад е завршено.

„Непријателскиот дрон беше соборен“, изјави шефот на кабинетот на претседателот, Андреј Јермак.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.