Вооружен маж убил две и ранил уште четири лица во областа Далас – Форт Ворт во Тексас. Тројца од повредените биле полицајци. На крај на инцидентот, напаѓачот си го одзел животот, соопшти полицијата во Тексас.
Портпаролот на полицијата во Халтом Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се очекува нивно успешно закрепнување, пренесуваат американските медиуми.
Едниот полицаец бил застрелан во двете нозе, а другите двајца во рака, додека осомничениот починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.
Портпаролот Спилен вели дека тексашки ренџери, елитни полициски сили во државата, ќе ја преземат истрагата и потврди дека мотивот за пукањето засега е нејасен.
Нашиот главен фокус е да откриеме како и зошто сето ова се случи – изјави Спилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.