Касарната Келн-Ван во Германија е опколена откако се појавил сомнеж дека војниците биле отруени од вода, пренесе „Дер Шпигел“.
Околу касарната се полицијата, воената полиција и воената контраразузнавачка служба на Бундесверот кои истражуваат дали се работи за саботажа.
Се сомневаат дека водата од чешмата е загадена. Во внатрешните комуникации, војниците и цивилите кои се во касарната се предупредени да не пијат од водата под никакви околности. На сите други им е забрането да влезат внатре.
Според медиумите, во касарната во Келн-Ван има неколку команданти, како и претставници на воените и цивилните канцеларии на Бундесверот.
„Шпигел“ пишува дека тука се сместени и воздухопловните сили на Сојузното Министерство за одбрана, бидејќи касарната се наоѓа веднаш до аеродромот во Келн.
На локацијата се вработени вкупно 4.300 војници и 1.200 државни службеници.
„Шпигел“ пишува дека касарната има сопствен водовод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.