Осумнаесет новинари се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Ова го соопшти украинското Министерство за култура и информации, пренесува Би-Би-Си.

Секоја смрт и други злосторства врз претставници на медиумите ќе бидат истражени, се вели во соопштението на Министерството.

Уште 13 новинари се повредени, осуммина се киднапирани или заробени, а тројца новинари се водат како исчезнати.

Министерството има информации дека се извршени злосторства против новинари од 11 земји, вклучително и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.