Во вчерашниот напад на Киев во кој беше ранет новинарот на „Fox News“ Бенџамин Хол, а убиен снимателот Пјер Закржевски, настрадала и украинската новинарка Олександра Кавшинова, објави Скај Њуз.

Кувшинова имала 24 години и работела заедно со Хол од почетокот на руската инвазија на Украина.

„Во вчерашниот напад кај Киев изгубивме една убава, храбра жена – Олександра Кувшинова – Саша. Сакаше музика и беше забавна и добра. Таа имаше 34 години. Изминатиов месец работеше заедно со нашиот тим и заврши феноменална работа“, напиша продуцентот на „Fox News“ на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.