Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопштија денеска Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО).

Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна починал и 24-годишен маж со симптоми на ебола.

Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец.

Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствена установа, соопшти СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.