Безживотно тело на десетгодишно девојче било пронајдено вчераутро во Германија.

Како што пренесува РТЛ, телото на девојчето (10) било пронајдено во социјална установа за млади во Баварија, Германија.

Германската полиција осомничи три момчиња (на 11, 11 и 16 години) за убиство на девојчето во баварскиот град Вунзидел.

Телото на девојчето било пронајдено вчера околу 08:45 часот од вработен во Католичкиот центар за згрижување деца и младинци Сент Јозеф. Иако веднаш била повикана брза помош, девојчето не можело да се спаси бидејќи било утврдено дека е мртва веќе неколку часа.

Полицијата првите 24 часа не ја информирала јавноста за пронаоѓањето на телото за да го олесни собирањето докази и да ги заштити децата и младите сместени во домот. Инспекторите потврдија дека трите осомничени момчиња се приведени. Билд од полициски извори дознава дека се пронајдени докази за сексуален прекршок.

Засега не се знае дали трите момчиња се штитеници од споменатиот Центар. Станува збор за институција која постои 119 години и во која просветните работници и социјалните работници се грижат за околу 90 деца и млади луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.