На социјалните мрежи се појави несекојдневна снимка од Шпанија. Видеото кое го објави шпанската полиција прикажува доаѓање на „Порше“ на патарина. И, додека возачот е фокусиран на плаќањето, од возилото зад него излегува кој ги буши гумите на возилото.

Целта е јасна, а тоа е да се онеспособи возилото и да се натера возачот да застане покрај автопатот. Во тој момент настапуваат разбојниците, кои ја користат можноста да го ограбат возачот, објави „Насио дигитал“ (Nacio Digital).

Од каталонската полиција не соопштиле колку се чести овие случаи, но веќе се појавиле неколку снимки. Исто така, слично сценарио е забележена и на паркинзи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.