Сенаторите Џим Раш, член на сенатската комисија за надворешни работи и Бен Кардин, претседател на Хелсиншката комисија, денеска го поздравија донесувањето на резолуцијата според која дејствата на Русија во Украина се признаваат за геноцид.

Со своите акции и зборови Путин целосно јасно даде до знаење дека негова цел е да го избрише од лицето на земјата украинскиот народ. Јас лично ја видов таа жестокост во Ирпен и во Киевска област, изјави Раш.

Тој додаде дека „оваа резолуција го осудува продолжителниот геноцид против украинскиот народ, ја повикува владата на САД да работи со нашите сојузници за да се спречат идни чинови на геноцид и ги подржува истрагите за виновните за тие ужасни злосторства да бидат повикани на одговорност“.

Треба да продолжиме да правиме се што можеме за да го поддржиме украинскиот народ во неговата борба за опстанок, рече Раш.

Според Кардин, „злосторствата извршени против украинскиот народ во текот на оваа незаконска и неиспровоцирана војна на Путин, противречат на безброј меѓународни конвенции и можат да бидат окарактеризирани само како геноцид“.

Резолуцијата исто така поддржува „формирање трибунали и спроведување меѓународни кривични истраги за да се повикаат на одговорност руските политички лидери и војници за агресивната војна, воените злосторства, злосторствата против човечноста и геноцид“.

Исто така, Резолуцијата го повикува претседателот на САД „да ги искористи санкциите во рамките на Глобалниот закон Магнитски, а против оние кои се одговорни за реализиацијата на геноцидот на Русија во Украина или соучесниците“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.