Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.

Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900.000 починати од ковид-19.

Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи дневно.

Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.