Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.

Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката.

Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.

Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.