Во 37 руски градови се приведени повеќе од 800 луѓе кои демонстрирале против руската воена акција во Украина, соопшти невладината организација ОВД-Инфо, специјализирана за следење на демонстрации.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Москва се приведени речиси 300 луѓе поради „кршење на јавниот ред“.

И покрај забраната за собири и демонстрации во Русија се одржуваат протести за осуда на воената интервенција во Украина. Демонстрантите честопати се соочуваат со парични и затворски казни.

Според ОВД-Инфо, од 24 февруари, во Русија се приведени најмлаку 14.700 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.