Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, соопшти дека повеќе од 200.000 лица досега одговориле на повикот во рамки на делумната мобилизација и им се приклучиле на вооружените сили на Руската Федерација.
Шојгу истакна дека обуката на мобилизираните се изведува на 80 полигони и во шест центри за обука.
Во Русија на 21 септември беше најавена делумна мобилизација и беше соопштено дека ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти, што е нешто повеќе од еден процент од вкупните мобилизациски ресурси на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.