Во Романија пристигнаа првите американски сили како засилување на НАТО сојузниците во источното крило.
Американците пристигнаа. Повеќе од 100 војници на специјалните сили на САД се подготвуваат заедно со нашите експерти за логистика, што значи дека нема да помине долго пред да пристигнат останатите војници – соопшти романскиот министер за одбрана Василе Динчу
Министерот појасни дека првите 100 американски војници во Романија се ангажирани во логистика.
САД одлучија да испратат околу 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија за да ја заштитат Источна Европа од потенцијалното прелевање на украинската криза.
Пентагон соопшти дека ќе ја премести ескадрилата „Страјкер“ од околу 1.000 американски војници од Вилсек, Германија, во Романија. Што се однесува на Полска, таму почнаа да пристигнуваат американски војници во саботата.
САД во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и која има и систем за одбрана од балистички проектили, при што дел се од силите на НАТО, а дел се таму под посебни билатерални аранжмани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.