Израелските безбедносни сили убиле тројца осомничени палестински екстремисти, кои наводно биле одговорни за неодамнешните вооружени напади во градот Наблус, на окупираниот Западен Брег.

Израелската служба за безбедност Шин Бет, соопшти дека тројцата екстремисти биле во автомобил и загинале во судир со безбедносните сили. На израелска страна немало жртви.

Палестинското Министерство за здравство го потврди убиството на Палестинците.

Во последните неколку недели палестински напаѓачи на Западниот Брег извршија повеќе напади со нож врз Израелците, а на таа територија имаше и вооружени напади.

Израел го освои Западниот Брег во војната во 1967 година. Палестинците сакаат Западниот Брег да биде главниот дел од нивната идна држава, која ќе го вклучува Појасот Газа, а главен град би бил Источен Ерусалим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.