Во областа Запорожје почнале да се формираат списоци со доброволци за заштита на регионот од украинската армија, изјави шефот на воено-цивилната администрација на регионот, Евгениј Балички.

Ние имаме своја милиција. Веќе имаме баталјони луѓе, сè уште не ги формираме, но имаме голем број луѓе кои ќе сакаат да ја бранат својата татковина од вооружените сили на Украина. Луѓето доаѓаат, се запишуваат. На списокот веќе има повеќе од 200 луѓе кои се подготвени да одат – изјави Балички во емисијата „Соловјов во живо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.