Амбасадорот на Луганска Народна Република во Русија, Родион Мирошник, реагира дека украинските сили со гранатирање со минофрлачи и тенкови се обидуваат да ја спречат евакуацијата на цивили од фабриката „Азот“ во регионот на Северодонецк, пренесува РИА Новости.

Според Мирошник, поради таквото гранатирање, ниту еден цивил не го напуштил индустрискиот комплекс до 11:30 часот.

Соопштуваме дека до 11:30 часот нема апсолутно никакво движење на оваа територија, никој не истакна бели знамиња. Можам да ви потврдам дека ќе продолжиме да следиме до 20 часот; ситуацијата може да се промени – изјави претставникот на ЛНР, пренесе ТАС С.

Претходно од ЛНР објавија дека денеска ќе отворат коридор за евакуација на околу 1.200 цивили за кои се смета дека во хемиската фабрика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.