Во поплавите во планините околу Пекинг загинале 20 лица, а 27 се водат како исчезнати, пренесоа денес кинеските медиуми.
Поради силните дождови властите го сопреа железничкиот сообраќај и ги евакуираа жителите од загрозените области.
Голем број куќи се поплавени, патиштата се блокирани, а водата носела автомобили со себе.
Нивото на врнежите е многу невообичаено за Пекинг, кој обично има умерена, сува клима.
Сезонските поплави секое лето го погодуваат југот на Кина. Меѓутоа, некои северни региони оваа година пријавија најлоши поплави во последните 50 години.
На почетокот на јули најмалку 15 лица загинаа во поплавите во југозападниот регион Чонгкинг, додека 5.590 жители на провинцијата Лијаонинг на северозападот мораа да бидат евакуирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.