Во главниот град на Кина, Пекинг од денеска се затворени градските паркови, а воведени се и други ограничувања поради што зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.
Во Кина регистрирани се 10.729 луѓе инфицирани со коронавирусот.
Голем број од 21 милион жители на Пекинг секој ден задолжително се тестираат, при што се регистрирани 118 нови случаи.
Во јужната индустриска област Гуангжу и во градот Чонгкинг денеска над пет милиони луѓе се во изолација.
Во голем број училишта наставата се одвива на далечина, болниците ги ограничија услугите, дел од продавниците и рестораните се затворени, а персоналот е во карантин.
На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа како луѓето протестираат или се судираат со полицијата и здравствените работници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.