Единаесет ирачки војници загинале во напад за кој се верува дека го извршиле милитантите на Исламската држава.
Цел на нападот бил објект на ирачката армија во провинцијата Дијала, на околу 57 километри североисточно од Багдад.
Ирачки безбедносни извори навеедуваат дека напаѓачите побегнале по нападот.
Ирачката државна агенција ИНА јави дека воената команда во Дијала отворила истрага за, како што го нарече „терористички напад“.
Засега никој ја нема преземено одговорноста за смртоносниот напад.
Ирачката Влада прогласи воена победа против Исламска држава во декември 2017 година, три години откако исламистичката милиција зазеде големи делови во северниот дел на земјата. Меѓутоа, оперативци на Исламска држава и натаму извршуваат напади низ Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.