Еднаквиот пристап до вакцините е најдобриот начин да се излезе од сегашната пандемична фаза на епидемијата на коронавирус, рекоа врвните светски експерти за јавно здравје на панелот во Давос во вторникот.

Директорот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, зборувајќи за нееднаквиот пристап во вакцинацијата на виртуелната агенда на Светскиот економски форум во Давос, рече дека повеќе од половина од светското население ги примило двете дози на вакцина против Ковид-19, но само 7 отсто од населението е целосно вакцинирано во Африка.

Проблемот е што оставаме огромни делови од светот зад себе…Во моментов нема излез од пандемијата без вакцините како централен стратешки столб.

Откривањето на варијантата Омикрон во јужна Африка ги засили тврдењата дека ниските стапки на инокулација може да поттикнат вирусни мутации, кои потоа може да се прошират во земјите каде што стапките се многу повисоки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.