Кина денеска пријави најголем број нови случаи на Ковид-19 во последните шест месеци и покрај повеќекратните заклучувања, што влијаат врз економијата и секојдневниот живот.

Министерството за здравство соопшти дека денеска на локално ниво се забележени речиси 5.500 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Голем број од заразените се во јужната провинција Гуангдонг.

Во централната провинција Женгжу и натаму е затворена најголемата фабрика за Ајфон во светот. Компанијата најави доцнење на испораките поради значително намалениот капацитет во фабриката.

Кинеските здравствени власти и викендов го повторија претходно изнесениот став дека останува на сила политиката на нулта толеранција за Ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.