Властите во канадската провинција Квебек соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.

Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против корона вирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани – изјави премиерот на покраината, Франсоа Лего.

Тој додава дека десет отсто од граѓаните на Квебек не примиле вакцина и нагласи дека останатите 90 отсто вакцинирани не треба да страдаат поради нив. Според него, тие десет проценти невакцинирани возрасни лица претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Во Квебек, каде што живеат околу осум милиони жители, во моментов се хоспитализирани вкупно 2.742 лица, а околу 255 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.