Само неколку недели пред исчезнувањето на туристичката подморница Титан, ветеран на американската морнарица предупреди на ужасните здравствени ефекти од заробувањето во таков брод.

Во научен труд објавен во медицинско списание минатиот месец, д-р Дејл Моле детално ја опиша „непријателската“ средина на комерцијалните подморници. Во длабочините, патниците се соочуваат со ограничени резерви на кислород, токсични нивоа на јаглерод диоксид и опаѓање на температурите.

Подморницата Титан треба да има прочистувач на јаглерод диоксид за да го отстрани вишокот токсичен гас што се акумулира кога патниците издишуваат во затворени простории, но повеќето бродови имаат ограничен капацитет од овој прочистувач.

Постои и ризик од хипотермија поради ниските температури во длабочините на океаните, како и хипервентилација предизвикана од напади на паника, која може да потроши уште повеќе скапоцен кислород.

Научен труд објавен помалку од еден месец пред инцидентот на Титан
Трудот на д-р Моле беше објавен во научно списание на 29 мај, само 20 дена пред Титан да изгуби контакт со својот мајчин брод, оставајќи пет патници заробени на дното на океанот. На подморницата и останаа 40 часа кислород во вторникот, околу 13 часот по локално време, објави американската крајбрежна стража.

д-р. Моле изјави за DailyMail дека се води трка со времето во обидат за спасување на патниците.

Подморницата нурнала во неделата и изгубила контакт со матичниот брод час и 45 минути по почетокот на патувањето. Постои можност Титан да се наоѓа на површината на океанот, но бидејќи патниците се затворени во главната капсула која може да се отвори само однадвор, тие се заробени и се уште можат да се задушат доколку не ги најдат наскоро.

– Заробениот екипаж на потонат брод или подморница се соочува со многу физиолошки предизвици, вклучувајќи токсични гасови, изложеност на зголемен притисок од околината и хипотермија – напиша д-р Моле во својот труд, објавен во списанието Ciottone’s Disaster Medicine.

Поголема грижа од кислородот е јаглерод диоксидот

Секогаш кога луѓето се во херметички затворен простор, повеќето помислуваат прво на кислородот, но јаглерод диоксидот всушност е поголема грижа. Сигурно ќе има некој систем за чистење на јаглерод диоксид во подморницата, но во случај на губење на изворот на енергија тој систем повеќе не би функционирал.

На луѓето внатре ќе им биде тешко да дишат, ќе им се зголеми длабочината на дишењето. Ќе започне главоболка и постепено ќе ја губат свеста. Зголеменото ниво на јаглерод диоксид е она што прво ги убива луѓето кога се во затворена средина, а не нивото на кислород – додава тој.

Што ако не ја најдат подморницата на време?

Штом ќе ја изгубат способноста да го отстранат јаглеродниот диоксид од таа внатрешна атмосфера, тоа е она што ќе доведе до смрт.Тоа е како да ставите кеса преку глава. Ќе има чувство на „глад за воздух“, а потоа ќе следи несвестица – објаснува тој.

Хипотермијата е уште еден значаен ризик за екипажот.

Внатре во ваква мала подморница, електронската опрема на бродот ќе генерира малку внатрешна топлина, а луѓето исто така ќе генерираат топлина бидејќи тоа е мал простор. Сепак, брзо ќе стане прилично студено.

После тоа, тие ќе ја изгубат способноста да ги користат рацете и „тогаш постепено ќе паднат во несвест“, вели д-р Моле.

Треба да се трудите да останете максимално смирени и да исклучувате што е можно повеќе електрична опрема за да ја зачувате батеријата.

Друга можност е пенетрација на вода во кабината, изјави д-р Моле.

Се случува толку брзо што навистина не би знаеле што се случило.

Да беше така, оние во подморницата ќе загинаа веднаш, додаде тој. Доколку е сè уште недопрена, патниците сè уште не треба да имаат никакви негативни здравствени ефекти, рече тој.

Заглавени во сè постресна ситуација, патниците на подморницата најверојатно ќе ги фати паника. Симптомите на напад на паника вклучуваат забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и мускулна напнатост. Луѓето може да чувствуваат вртоглавица, гадење и да чувствуваат тремор и препотување.

Тие може да почнат да дишат брзо и длабоко, што може да предизвика премногу јаглерод диоксид да се издишува додека нема доволно кислород за да се вдише. Сето ова може да доведе до хипервентилација.

д-р. Моле го доставил својот труд до списанието пред две години, а бил објавен неколку недели пред инцидентот на Титан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.