Портпаролот на УНРВА (UNWRA) Адна Абу Хасна изјави дека набргу откако Светската програма за храна соопшти дека синџирот за снабдување со храна во Газа колабирал, во енклавата наишол на луѓе кои гладуваат.

„Денеска бев во четири засолништа – едно од нив е најголемото – во Кан Јунис. Таму има речиси 35.000 раселени луѓе. Можам да ви кажам дека има луѓе кои гладуваат – во Рафа и во Кан Јунис и на север, изјави за Ал Џезира Абу Хасна.

Тој посочува дека не зборува за целото население, туку видел луѓе како молат за парче леб.

– Гледам примери за тоа. Не зборувам за целото население, но гледам луѓе кои молат за парче леб, за вода, за што било – тие само сакаат нешто да јадат. Можете да ги најдете насекаде, тропаат по автомобилските прозорци и бараат сè – засолниште, храна, вода, укажува Абу Хасна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.