Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени.
Во селото Никалуокти, населено со Лапонци, во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ.
„Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс Холмквист.
Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори.
Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени. Исто така, издаде предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска, наведувајќи дека снежните врнежи и силниот ветер во среда може да предизвикаат проблеми.
Неговото второ предупредување по ред е на сила од полноќ до среда.
Во соседна Финска утрово е забележана рекордно ниска температура оваа зима во северозападниот град Јливијеска од минус 37,8 степени.
На неколку локации во регионот на Арктичка Лапонија забележани се температури пониски од минус 30 степени.
Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е погоден од силен студ, а се очекува оваа недела температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени.
Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за екстремно студено време оваа недела со прогноза за пад на температурите под минус 40 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.