Обединетите Нации објавија дека до 26 јулио ширум Европа се регистрирани речиси 6,2 милиони бегалци од Украина, а повеќе од половина од нив аплицирале за привремен престој.

Само Полска има примено повеќе од 1,2 милиони Украинци.

Во Велика Британија, пак, пристигнале повеќе од 100.000 Украинци во рамките на две организирани акции со цел, како што соопштија од британската Влада, да се помогне на оние кои бегаат од земјата по руската воена акција што почна при крајот на февруари.

Оттаму укажуваат дека процесот сега е целосно дигитален и дека апликациите се обработуваат во рок од 48 часа.

Исто така, оваа процедура овозможува лицата помлади од 18 години да аплицираат за влез Велика Британија без родител или старател, доколку поседуваат валидна согласност од родителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.