Околу 15.000 тони житарки се оштетени во експлозијата на силосите во близина на пристаништето Деринџе во северозападна Турција, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Експлозијата се случи вчера поради компресијата на пченичната прашина при префрлање на пченицата од бродот до силосите, изјави гувернерот на провинцијата Коџаели, Седар Јавуз.

Ројтерс наведува дека не е прецизирано за кои житарки станува збор.

Експлозијата во силосите на Турската управа за жито (ТМО) оштети 13 од 60 тамошни силоси, а 12 лица се повредени.

Силосите на ТМО во пристаништето Деринџе имаат капацитет за 95.000 тони житарки, а при експлозијата биле складирани 75.000 тони, се вели во соопштението на ТМО, во кое се додава дека според првите проценки, околу 20 отсто од магацините биле оштетени.

Градоначалникот на Деринџе, Зеки Ајгун, вчера изјави дека властите првично мислеле дека дошло до земјотрес поради силната бучава, но набрзо дознале дека се работи за експлозија на силос



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.