Тесен тунел за бегство ископан под Берлинскиот ѕид од времето на Студената војна неодамна е откриен за време на градежни работи во германскиот главен град.
Тунелот, кој е само 50 сантиметри широк и 70 сантиметри висок, е откриен под улица во центарот на Берлин, која некогаш била утврдена граница меѓу Источен Берлин, комунистичка Источна Германија и енклавата Западен Берлин, контролирана од западните сојузници.
Тунелот бил откриен на почетокот на месецов за време на изградбата на нова станбена зона, информира локалниот берлински весник „БЗ“.
За постоењето на тунелот веќе се знаеше, но геофизичките студии покажуваа дека тој е подлабоко под земја, вели за весникот официјален претставник од канцеларијата за заштита на историјата во Берлин.
Источногерманскиот режим го изгради Берлинскиот ѕид за да ги спречи граѓаните да бегаат во капиталистичка Западна Германија. Поради тоа, многу луѓе се обидувале да дојдат на запад преку подземни патишта.
Според Меморијалот на Берлинскиот ѕид, имало најмалку 12 други тунели за бегство ископани долж делот на улицата Бернауер каде што бил откриен последниот тунел.
Портпаролот на градежната компанија изјави дека тие не сакаат да го уништат тунелот или да го полнат со бетон и оти ќе преземат чекори да го зачуваат за истражувачки цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.