Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси отганизирал палење на книги, за да се бори против демонските влијанија. Во книгите што ги палела толпата верници имало и примероци од серијалите „Хари Потер“ и „Самрак“. Обредот се пренесувал во живо на Фејсбук.

Свесни сме во што се впуштаме. Донесете се. Престанете да дозволувате демони да влегуваат во вашите домови. Волшебништвото мора да исчезне, напишал Лок на Фејсбук, но ја тргнал објавата подоцна. Сепак, преносот во живо на обредот се уште е достапен на Фејсбук.

Пред обредот Лок рекол дека се бори против „масонските ѓаволи“.

Не се плеткам со вештерки, не се плеткам со демони, сите е ги прозивам во името на Исус Христос, рекол.

Американското здружение на книжарници објави дека неодамна доживеало невиден пораст на побарувачката за забрана на книги – само минатата есен читателите означиле 330 книги за непошелни. Во целата 2020 година, такви барања имало само 156.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.