Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување.

ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија.

Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.