Српскиот државјанин Слободан Марјановиќ (40) е убиен вчера во Санта Марта, Колумбија. Според колумбиските медиуми неговото тело било пронајдено покрај автопатот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека тој бил убиен со неколку истрели и дека телото потоа било исфрлено од автомобилот. Засега наведуваат дека тој престојувал во Колумбија како турист.

Првите податоци укажуваат дека тој пред неколку дена пристигнал во Санта Марта како турист, според она што е утврдено врз основа на нараквицата што ја имал на раката, според која е утврдено дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“.

Се проверува дали е убиен во автомобилот од кој бил фрлен со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели, а потоа телото го пронашле покрај патот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку лица за да го ограбат и затоа бил убиен. Друг правец на истрагата е дека ги познавал лицата кои го убиле и оти отишол на средба со нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.