Девет лица загинаа, а 31 се повредени вчера во Колумбија кога автобус со венецуелски мигранти падна во провалија, соопштија властите. Полковникот Луис Хесус Леон изјави за новинарите дека „90 отсто од патниците во автобусот биле Венецуелци кои оделе за Картагена“.

Полицијата извести дека во несреќата загинале шест мажи и три жени, меѓу кои две малолетни. Несреќата се случила околу 4:20 часот (11:20 часот по средноевропско време), во близина на градот Плејон, во областа Сантандер, на североистокот на земјата, на патот на карипскиот брег на Колумбија.

Тој паднал во провалија длабока околу стотина метри

Несреќата се случила кога автобусот излетал од патот и паднал во провалија длабока околу стотина метри. На снимката што ја објави цивилната заштита се гледа автобусот среде грмушки и расфрлана облека на местото на несреќата. Сообраќајните несреќи се меѓу водечките причини за смрт во Колумбија.

Во вторникот минатата недела во департманот Ла Гуаџири, на север, осум лица загинаа кога автобус директно се судри со трактор-приколка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.