Не се доволни новите мерки што ги предлага германската влада за растеретување на граѓаните. Ова е ставот на речиси половина од учесниците во една анкета.
Третиот владин пакет носи премалку олеснувања, изјавиле 49 отсто од испитаниците во анкета за телевизијата ЗДФ, пренесува ДПА.
Од друга страна, околу една третина, 36 отсто, се изјасниле дека се задоволни, а пет отсто дури се изјасниле дека мерките се претерани.
68 отсто од испитаниците се изјасниле дека мерките се недоволни за граѓаните со помали примања.
Поради енергетската криза, 35 отсто од луѓето во Германија се загрижени, а 12 отсто се многу загрижени. Минатите и идните поскапувања и евентуалниот недостиг не се причина за голема загриженост кај 39 отсто од граѓаните, додека 13 отсто изјавиле дека воопшто не се загрижени.
Олеснувањата што ги вети владата се генерално добри, според 57 отсто од учесниците во истражувањето спроведено од Институтот YouGov. Сосема поинаку мислат 31 отсто, додека 12 отсто не се изјасниле.
Третиот пакет мерки е вреден околу 65 милијарди евра, објави во неделата владејачката коалиција. Олеснувањата вклучуваат, еднократна исплата на пензионерите и студентите и ограничување на цените на енергијата за основните потреби.
Владејачките партии предлагаат и нови отстапки за јавниот превоз, по привременото воведување месечен билет од девет евра во текот на летото. Сега месечната претплата е меѓу 49 и 69 евра, под услов во финансирањето да учествуваат и покраините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.