Кралот Чарлс му рекол на принцот Хари да не ја носи неговата сопруга Меган Маркл во замокот Балморал, додека тој и другите членови на кралското семејство патувале да бидат покрај кралицата Елизабета во нејзините последни моменти, пишува Дејли мејл.

Како што пренесуваат британските медиуми, во пресрет на смртта на кралицата Елизабета Втора дошло до мала драма, а главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс.

Според The ​​Sun, принцот Хари бил во Фрогмор кога добил повик од неговиот татко, кралот Чарлс Трети, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.

Чарлс му кажа на Хари дека не е соодветно Меган да биде во Балморал во време на голема тага, изјави извор за Сан.

„Нему му беше кажано дека ниту Кејт нема да оди и дека посетата ќе биде ограничена само на членовите на потесното семејство“, рече изворот, додавајќи: „Чарлс јасно стави до знаење дека Меган не е добредојдена“.

Дејли Мејл шпекулира што навистина се случило во оваа прилика. Додека едни тврдат дека Хари и Меган не знаеле дека и Кејт нема да биде на Балморал, па затоа се согласиле и Меган да не оди во замокот, други велат дека нејзиното присуство било буквално забрането.

Принцот Хари не успеа да се збогува со кралицата Елизабета Втора, но пристигна во Балморал неколку часа откако кралицата почина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.