Командантот на руските воено-десантни сили, генерал-полковник Михаил Теплински, е назначен за нов командант на руската воена група „Дњепар“ во Украина, изјави извор за Тасс.

Генералот Теплински (54) на оваа позиција го менува генерал-полковникот Олег Макаревич, пишува весникот „Известија“.

Групата „Дњепар“ е распоредена на југот на Украина, во регионот на Херсон, каде што украинските сили се обидуваат да ја преминат реката и да се заврстат на руската страна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.